Адријана Ацесвка во секси издание

Фолк-пејачката Адријана Ацевска во скоро секое од своите интервјуа изјавуваше дека сака да ја придобие музичката публика со квалитетна музика, а не со секси изглед кој провоцира. Позната по хитовите „Кеш“ и „Мафијаш“ сепак како да реши да го сврти вниманието кон себе токму со посмели фотографии.

Во последно време таа  ги користи социјалните мрежи за да го истакне својот сексапил – објавува фотографии од плажа и од настапи каде што во преден план доаѓа нејзиното тело.

Адријана веќе некое време паузира на музички план, а нејзината последна песна „Дубаи“ ја промовираше на крајот на минатата година.

Scroll to Top