Актерот Игор Ангелов на „Охрид трчаТ 2018“

Актерот Игор Ангелов денеска беше дел од спортската манифестација „Охрид трчаТ 2018“. На трката настапија повеќе од илјада учесници кои трчаа во три дисциплини.

Натпреварувачкиот дел од трката минуваше низ најубавиот дел на Охрид, низ улиците на централното градско подрачје и стариот дел од градот.

Најмасовна тим-билдинг екипа во рамки на „Охрид трчаТ“ ќе биде онаа на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“. Шеесеттина нивни активисти, но и сами пациенти со ретки болести и
нивни семејства преку учеството на манифестацијата ќе ја дадат својата поддршка со цел подигнување на
јавна свест, навремена и бесплатна дијагноза, пристапност и достапност на лековите за пациентите со
ретки болести.

Инаку, свое учество во манифестацијата дадоа и бројни професионални спортисти и личности од забавниот, културниот и политичкиот живот, меѓу кои и министрите Венко Филипче, Дамјан Манчевски и Драган Тевдовски, амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Самуел Жбогар.

 

Scroll to Top