Александра Јанева ја препеа баладата Then

Поп-пејачката Александра Јанева на својот фејсбук-профил објави видео од преработка на баладата Then од Ен-Мари. Видеото е направено во домашни услови, заедно со нејзиниот лајв бенд 2Be. Аранжманот за песната го преработи гитаристот Тино Стојановски.

„Кога имаш посебна песна од омилена пејачка, а посакуваш да биде твоја, тогаш не ти останува ништо друго освен да си направиш преработка за душа“, стои во објавата на Александра.

Видеото веќе има преку 4.500 прегледи, а Јанева доби бројни пофалби за изведбата.

Scroll to Top