Амди Бајрам: Снаите ги бива за сарма

Пратеникот Амди Бајрам Нова година ќе слави дома, заедно  семејството. Единствено може да се случи да излезе малку на плоштад, и пак да се врати дома. Патувањата надвор од земјава, во познати ски-центри и луксузни хотели ги оставил зад себе бидејќи, како што вели, му натежнале годините.

,,Кога бев помлад одев насекаде. Ма нема каде не сум бил за Нова година! Тоа беа убави времиња, ама сега годините си го направија своето. Но, не се жалам. Ние, политичарите, сме постојано отсутни, и ова е добар повод да поминеме време со семејството’’- раскажува Бајрам.  Вели дека ќе слави заедно со  децата, снаите, внуците, а женскиот дел од семејството ќе ја подготвува трпезата.

,,Бидејќи не јадеме свинско месо, на новогодишната трпеза задолжително имаме печено јагне. Оваа година снаите ќе приготват и младо телешко, но задолжително и риба. Без сармички не седнувам на маса, редовни ни се на менито. Снаите се ангажирани за подготовката и тоа го прават со мерак’’ – вели Амди за Фокус .

Scroll to Top