Анита Мицова сними спотот, па ужива во празниот Охрид

Откако го издаде албумот „Ти сум јас“, поп-пејачката Анита Мицова ужива покрај празното охридско крајбрежје. Екипата на „Репортер“ денеска ја забележа на една од охридските плажи, каде друштво ѝ правеше нејзината ќерка.

Таа вчера на својот Фејсбук профил објави фотографија со која најави дека го завршила снимањето на спотот за песната „На пат кон југ“. Промоцијата на видеоспотот ја очекуваме во текот на оваа недела.

Scroll to Top