Антонија, Валери и Дина ќе пеат со „Ај кју“ на Евровизија

Антонија Гиговска, Валери Димовска и Дина Јашари ќе ги пеат придружните вокали на „Ај кју“ на Евровизија. Информацијата ја открија вчеравечер во емисијата „Стисни плеј“ на МТВ.

Антонија се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ пред три години, а победи во музичкото шоу „Кастинг талент шоу“, каде што ја доби главната улога во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Валери учествуваше во реалното музичко шоу „На иста адреса“, каде што се натпреваруваше и Дина.

Валери Димовска

Македонската евровизиска екипа веќе се подготвува за настапот во Лисабон. „Ај кју“ ќе пее во првото полуфинале, што ќе се одржи на 8 мај.

Антониа Гиговска

Песната Lost and Found предизвика многу позитивни реакции, а и евровизиските фанови велат дека се задоволни што Македонија го продолжува трендот да праќа модерни песни. Автор на музиката и на текстот е Бојан Трајковски, а аранжманот го направи Дарко Димитров.

Дина Јашари
Scroll to Top