Берлинската легенда, диџеј Дон Вилијамс во „Епицентар“

Берлинската легенда, диџеј и продуцент Дон Вилијамс, ќе има настап во Скопје. Журката е утре во клубот „Епицентар“.

Тој започна со работа во средината на деведесеттите и веднаш по неговите први изданија, се појави на Pure Plastic на Mark Broom, како и со Rewired на Styrax Leaves за Styrax Records. Тој работи на неколку нови проекти и подготвува деби-албум.

Неговиот стил техно музиката.

„Се гордееме што Дон  доаѓа во Скопје. Како поддршка ќе биде диџеј Стојче, кој  вистински ја втемели македонската техносцена со својата продукциска и диџејска работа во легендарниот берлински клуб ‘Трезор’“, велат од „Епицентар“. (Љ.В)

 

 

 

 

Scroll to Top