Македонскиот претседателот Ѓорѓе Иванов до крајот на денов на Брисел ќе му ќе даде прецизна бројка на мигранти и на бегалци што Македонија може да ги прими до крајот на годинава, соопштија денеска од Европската комисија, додавајќи дека за денеска попладне има закажано пленарна видеоконференција со лидерите од ЕУ и од Западен Балкан, информира Мета.

– За време на самитот во недела, имаше лидери кои веќе истакнаа бројки на мигранти што би било возможни да се примат во земјата до крајот на годината. Причината поради која не вклучивме прецизни бројки е тоа што сакавме на лидерите да им дадеме можност да одат дома и да проверат со министрите за внатрешни работи и со инфраструктурата, за да бидат сигурни дека навистина можат да се посветат на прецизните бројки. Ние сме убедени дека бројката од 50.000 може да се достигне – изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто.

Истовремено, портпаролот Маргаритис Схинас рече дека неделниот самит на ЕУ и на Западен Балкан бил корисен, особено зашто сега „барем има систем кој ги вклучува сите и ги присилува да разговараат и дејствуваат, нешто што претходно го немаше“.

Схинас, во однос на протекувањето на извештајот за напредокот на Турција, рече дека тоа нема да биде причина за предвремено објавување на документот.

– Ќе ги објавиме извештаите за прогрес како и секоја година, во овој период од годината, во момент кога претседателот ќе одлучи дека тие ќе го добијат најсоодветното медиумско внимание и ефект во јавноста. Како што знаете, додека тоа се случи, сè што ќе прочитате, ќе слушнете или за што ќе се извести, не се однесува на нас, туку само на луѓето што известуваат за тоа – рече Схинас.