Без една баба не одиме на зимување

Ребека Јанковска-Ристески и нејзиниот сопруг Милан се вратија од зимување во Боровец. Овој пат беа во бугарскиот ски-центар само со поголемиот син Маркијан (11). Но, пред да заминат со Маркијан, поп-пејачката претходно беше на зимување во Пампорово, но само со близнаците Макариј и Доротеј и, секако, сопругот Милан. Ребека вели дека два одделни одмора, на едниот со едното дете, на другиот со двете, е начин на кој се организираат.

„Оваа сезона бевме на две зимувања. Првото со близнаците во Пампорово, а потоа со Маркијан во Боровец. Да бидам искрена, Боровец повеќе ни се допаѓа“, вели Ребека за „Репортер“.

Таа вели дека ако сакаат да одат сите петмина на одмор, ќе имаат проблем со наоѓање соодветни соби. А двајца возрасни со три деца, од кои едното бара многу поголемо внимание, невозможно е да одат заедно. „Кога ќе пораснат близнаците ќе биде многу поедноставно. Ова е вторпат да одиме на подолг одмор одделно. Инаку, одиме заедно со една од бабите за да може да ни помага“, ни раскажа Ребека.

Таа ни раскажа дека иако скија од 10-годишна возраст, последниве години скијала вкупно пет дена.

„Сега дојде време да уживам повеќе во санкањето, секако поради  децата. На Маркијан омилена забава му е возење на жичарница, пешачење, по цел ден сака да се санка. Близнаците, пак, расположени се само за санкање“, додава Ребека.

Таа вели дека и на двете зимувања си поминала супер и дека зимувањето со децата е вистинска забава.

„Се забавував секој момент, и на едното и на другото зимување, а сите паѓања од санка лесно ги поминав“, додава Ребека.       А. Георгиев

 

 

 

 

 

Scroll to Top