Бранко Црвенковски стана дедо, со мекици и музика се славеше за внукот Бранко

Поранешниот претседател, премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски стана дедо. Неговиот син Љупчо викендов доби син, кој го доби името Бранко.

Тие вчера правеа мекици во ресторан во Скопје. Се славеше со музика и најблиските пријатели. Внукот ќе го носи името Бранко по неговиот дедо, ни кажаа за „Репортер“, а ова е прв внук за поранешниот претседател.

На мекиците се шегувале, но и нивните блиски велеле: „Се роди нов Бранко Црвенковски“.

Бранко Црвенковски и неговата сопруга Јасна ги имаат синот Љупчо и ќерката Марија.  Синот Љупчо е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски кој, беше и министер за внатрешни работи.

Scroll to Top