Браво за црните детали на Беса Арифи

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски овој пат го коментира стилот на Беса Арифи, универзитетски професор, аналитичар, колумнист.

„Беса Арифи носи експериментален фустан кој одлично ѝ прилега во горниот дел. Мој совет е овие бапски кроеви (во долниот дел) да ги замени со тесни кроеви со истата должина.

Сметам дека таа е дама која не треба да ги крие своите облини. Браво за црните детали“, вели дизајнерот.

Scroll to Top