Британски „Тајмс“ му посвети статија на Тоше Проески

Британскиот весник „Тајмс“ му посвети статија на поп-ѕвездата Тоше Проески. Статијата е во рубриката за животот и работата на познатите британски и светски научници, политичари или уметници.

„Најпопуларниот пејач на Балканот во текот на својот краток живот успеа како никој пред него да ја надмине разликата меѓу народот и културата на просторот на југот на Европа каде што последните децении беа одбележани со војни и кризи“, пишува „Тајмс“.

Веста за смртта на Тоше Проески во поранешните републики е примена со шок сличен на оној што своевремено го доживеаја обожавателите на Елвис Присли или Џон Ленон, пишува „Тајмс“ додавајќи дека Собранието во државата на денот кога згасна неговиот живот ја прекина седницата и целиот народ излезе на плоштадот и во црквите за да запали свеќа или однесе цвеќе во негова чест. Исто така, се наведува дека Проески, покрај тоа што изгради успешна кариера како музичар, беше и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

„На хуманитарните концерти на целиот Балкан тој неуморно собираше помош

за сиромашните и децата со пречки во развојот, а парите ги вложувал и во

изградба на училишта во својата родна Македонија“, се вели во статијата на „Тајмс“.

Последниот концерт, кој се одржа на 5 октомври во Скопје пред 30.000

посетители од сите републики на поранешна Југославија, Проески по свој

обичај го заврши со зборовите „Сите ве сакам“, пишува “Тајмс“.

Scroll to Top