Чавков пречекан дома со виски

Со чаша виски и во топла атмосфера, вчеравечер Митко Чавков си дојде дома. По четири месеци поминати во притворот во „Шутка“, поранешниот министер за внатрешни работи е пуштен во домашен притвор. Фотографиите што осамнаа на социјалните мрежи од семеjниот пречек ги објавија неговите блиски, а тој на фотографијата е со својата сопруга, но и со ќерка си.

Врховниот суд вчера донесе одлука мерката притвор да им се замени со мерка куќен притвор на ексминистерот Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, како и на Душко Лазаров и Митко Пешов. Тие беа дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување во настаните што се случија лани на 27 април во Собранието.

Scroll to Top