Четкар го повреди коленото и се откажа од големата љубов

Џез-музичарот Владимир Четкар неодамна си го повреди коленото возејќи велосипед. Музичарот, кој е страстен љубител на велосипедизмот и планинарењето, поради повредата, неколку недели е оддалечен од својата голема љубов.

„Сакам да возам велосипед во секој дел од светот што ќе го посетам. Така најубаво се истражува местото што никогаш порано не сум го видел. За среќа, повредата не беше тешка, конечно се стабилизирав и за неколку дена ќе тргнам на патување до Грција со велосипед“, рече Четкар.

Scroll to Top