Четкар на џез-фестивал во Тајланд

Џез-музичарот Владимир Василевски-Четкар на 9. и 10. декември ќе одржи два концерта на Thailand Smile Jazz Festival на тајландскиот остров Самуи, кој е меѓу најголемите музички фестивали во тој дел од Азија. За Четкар тоа ќе биде трета турнеја по ред оваа година во Тајланд.

Тамошните медиуми македонскиот музичар го издвојуваат како еден од најквалитетните интернационални артисти, кој со својата работа ги „ревитализирал асид џез, фанк соул и диско жанровите“. На концертите Четкар ќе се претстави со комплетна авторска музика, а ќе биде придружуван од популарниот тајландски џез фјужн состав Фанкшн.

Scroll to Top