Четкар: Шириме љубов и позитивна енергија

By

Со настапот во клубот Xippo во Чикаго, Владимир Четкар ја заврши својата зимска американска турнеја. Џез-музичарот придружуван од „Септет“ настапи некои од најпопуларните американски џез-клубови, меѓу кои Nighttown во Кливленд, Music Hall Jazz Cafe во Детроит и BB King Blues Club на Менхетaн во Њујорк.

„Беше преубаво. Феноменална свирка и енергија, одлична атмосфера на сите концерти. Публиката пееше како да беше дел од бендот. Шириме љубов и позитивна енергија. Во Чикаго беше одлично, ама атмосферата во Кливленд и Детроит не се опишува. Може само да се доживее“, рече Четкар за „Репортер“.

Тој сега ќе се посвети на снимањето на новиот студиски албум. Дел од песните се веќе готови, а останатите ќе ги снима деновиве во Њујорк.

(А.Ј)

Posted by Vladimir Cetkar on Сабота, 03 февруари 2018

Ќе ви се допадне