Македонската поп-пејачка Дани Димитровска, во март следната година заминува за Египет, каде ќе одржи концерт на престојниот „Alexandria Jazz Festival“.
На својот настап таа ќе ги отпее песните од свјот последен албум “Град за љубов“.
„Тоа ќе биде убав концерт, зошто и во самиот албум провејува една пријатна и суптилна џез атмосвера. За потребите на овој настап, секако дека снимав и промо материјал, како и фотосесија,зад која застана Бојан Стоилковски, мој долгогодишен соработник. Шминката пак е на Зоран Шурбевски, и јас сум навистина презадовлна од тимот„, ни рече Дани Димитровска.