Дарио и Принц ќе добијат по 9.000 илјади евра

Македонската радио-телевизија ги објави новите субвенционирани песни, по 9.000 евра ќе земат за Дарио и Принц.

МРТ го објави списокот со примени и одбиени композиции од последниот конкурс за музички субвенции. Комплетниот список го има на официјалниот сајт на МРТ. Жирито е предводено од Константин Карев, а за спонзорство одлучуваа Бекир Алиу, Панче Илиев, Благоја Здравковски и Деан Ќурчиев.

На фолк-интерпретаторот Али Бајрам и на поп-пејачите Авни Аљији и Дарио Панковски државата ќе треба да им исплати по 9.000 евра за две песни кои ќе ги промовираат во наредниот период.

Александар Ристовски Принц за три нови нумери ќе добие 9.000 евра. Поп-пејачот Ѓорѓи Крстевски е рангиран како изведувач на народна музика, а по 3.000 евра треба да добијат Ристо Самарџиев, Кристијан Габроски и Бајрамаљи Идризи.

Пред неполни два месеца од Министерството за култура најавија дека ќе се укинува Законот за поддршка на домашната музичка продукција, донесен на крајот од 2013 година во мандатот на министерката Елизабета Канческа- Милевска.

Scroll to Top