Дарко Димитров прави музика за мажот на Емина Јаховиќ

Македонскиот продуцент Дарко Димитров се пофали дека соработува со еден од најдобрите турски музичари, Мустафа Сандал. Мустафа е сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, а Дарко и Емина се долгогодишни соработници. Ова е прва песна што Димитров ја прави за Мустафа.

Фотографијата од нивната работна средба ја објави Дарко, а сликана е во неговото студио во Скопје. Димитров не откри никакви детали за соработката, дали станува збор за песна или цел албум, но напиша дека публиката наскоро ќе може да очекува нова музика од Мустафа, а со неговиот препознатлив музички стил.

(А.Ј)

 

 

Scroll to Top