Дарко Димитров во трка за најпесна на „Беовизија“ и „Монтевизија“

Композиторот и продуцент Дарко Димитров е дел од авторскиот тим на песната Lost and Found што Ај Кју ќе ја пеат на „Евровизија“ во Лисабон. Но, Дарко има направено песни и за преставници на Србија и  Црна Гора, па ако некоја од тие песни победи  тие „Беовизија“ или „Монтевизија“, тогаш Димитров  ќе оди во Лисабон и како дел од тимовите на тие музички преставници.

Дарко со Катарина Богичевиќ

Неодамна Дарко објави фотографија со црногорската пејачка Катаерина Богичевиќ со која најави дека подготвуваат песна за „Монтевизија“. Неколку дена подоцна негови гости во Скопје беа Сања Илиќ и „Балканика“ со кои Дарко подготвува песна за „Беовизија“.

Сања Илиќ и „Балканика“

Не постои правило што вели дека еден композитор, продуцент или текстописец не може да работи на повеќе од една песна, па така во овој случај, Димитров би можел да претставува три држави.

Scroll to Top