Дарко Лешоски се откажа од Струшките вечери на поезијата

Дарко Лешоски се повлекува од функцијата претседател на Управниот одбор на поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата. Тој својата одлука ја соопшти во интервју за „Дојче веле“, во кое вели дека останува отворен за секаква помош за враќањето на некогашната слава на поетската манифестација.

Откако беше назначен на функцијата, Лешоски беше изложен на жестоки критики во јавноста во поглед на тоа дали е дораснат на улогата што му е доделена.

– Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во сервисот за односи со јавност на Владата. Ова нека биде почеток на една поинаква демократска практика – изјави Лешоски во интервјуто.

Scroll to Top