Давид Кајмакоски копија на тато Даниел

Пејачот Даниел Кајмакоски пред осум месеци стана татко. Тој ги чуваше подалеку од јавноста деталите за венчавката и за бременоста на неговата сопруга Кристина, а и сега ретко објавува фотографии од синот Давид.

Сепак, на својот инстаграм профил тој објави слика на која е и малиот Давид, направена по редовниот лекарски преглед. Кајмакоски напиша „растеме, растеме“, а неговите обожаватели најпрво ја забележаа големата сличност на таткото и синот, па прокоментираа „Копија на тато“.

Scroll to Top