Џамбо Агушев и Дамјан Пејчиноски музички гости во новата песна „Дафина“

Музичкиот состав „Етносфера” го промовира спотот за песната „Дафина“.

На овој проект им гостуваат познатите македонски музичари Џамбо Агушев и Дамјан Пејчиноски. Песната „Дафина“ е препознатлива по етнозвуците со модерниот ритам. Спотот го реализира „Веста продукција“, а е снимен во Битола.

„Етносфера“ е музички состав од неколку музичари, Благојa Трајковски и Николa Мицевски, Владимир Крстев, Зоран Костадиновски, Тони Цветаноски, Павле Јаневски, Зоран Ристевски и Зоран (Конга) Јагоридовски.

Scroll to Top