Џими од „Молика“ на турнеја во Австралија, СЈО ќе почека да се врати  

Групата „Молика“ ја започна својата турнеја во Австралија и веќе на 9 декември имаат настап во спортскиот клуб „Илинден“ во Сиднеј. Грпата трга на турнеја, а со нив и Џими Мицевски, сопруг на Анета „Молика“, е еден од обвинетите во случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство. Џими е и фронтмен на групата.

Тој побарал од судот да се одложи рочиштето за предметот поради веќе договорената турнеја во Австралија, оти ако не го испочитувал договорот, ќе требал да плати голема отштета. И покрај судското рочиште, Џими сепак изјави дека „Молика“ заминува на планираната турнеја.

„Молика“ имаат настапи во сите поголеми градови во Австралија, а последниот настап е на 13 јануари следната година.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола. Се товарат дека го оштетиле буџетот за околу 360.000 евра.

Scroll to Top