Џулија Луиз Драјфус го победи ракот

Актерката Џулија Луиз Дрејфус минатиот септември објави дека лекарите ѝ дијагностицирале рак на дојка. Но, пред само два дена таа објави дека ја победила болеста. Драјфус успеала да се излекува само со хемотерапија.

Радосната вест за оздравувањето ја сподели на „Твитер“.

„Ура! Одлични доктори, одлични резултати, се чувствувам одлично и подготвена сум за нови победи! Еј раку, е*и се! Еве ја мојата прва фотографија по операцијата“, напишала Џулија.

Истовремено, таа се бори за правата на оние кои немаат здравствено осигурување, а им е потребна лекарска помош.

Комичарката последниве години е актуелна со улогата во серијата Veep. За серијата Драјфус освои бројни награди. Најави дека на работа ќе се врати во август оваа година.

Scroll to Top