Димитар Андонвски има нов видеозапис

По повеќе месеци, песната „Само ти“ доби видеозапис. Музиката и аранжманот за песната ги направи Лазар Цветкоски, а текстот е дело на Магдалена Цветкоска Ена.

Во видеозаписот се појавува и младата актерка Душица Тренова, видеото се снимаше на повеќе локации во Катланово и Козјак во изработка на „Горила филмс“.

Димитар Андоновски продолжува да работи со„Тајфата“ и го снимаат нивниот прв заеднички албум во студиото на Лазар и Магдалена Цветкоски.

Scroll to Top