ДНК собраа 25 илјади денари за кумановското семејството избркано на улица

Панчо и Андреј од ДНК, со хуманитраниот настап во ГТЦ собраа 25.621 денар. Парите се наменети за Благородна Димитриевска од Куманово и нејзините три дечиња кои се жртви на сејмено насилство и останаа на улица.
„Сакаме да се заблагодариме на сите членови од нашиот бенд што го прифатија настапот без никакво размислување, вкупната сума која успеавме да ја собереме благодарение на сите хумани луѓе изнесува 25.621 денар. Можеби сумата не е голема, но веруваме дека ќе ѝ помогне на Благородна и нејзините три дечиња, а исто така сме убедени дека секој дониран денар е даден од срце“, изјавија ДНК по концертот.

Scroll to Top