Дунавка му се додворува на Димитров

Откако медиумите објавија дека ќерката на Никола Димитров добила стипендија од 40 000 долари за студии во Холандија, по многуте негативни коментари, моделот и бизнисменка Дунавка Трифуновска се јави со јавна поддршка. Таа на својот фејсбук-профил го исфали шефот на дипломатијата и објасни дека никој не смее да му рече НЕ на Димитров, оти имал европски шарм.

„Димитров, ти ја правиш Македонија повторно голема. Таков си и како татко. Блескаш нежно. Вистинските вредности што аматерите сакаат да ги илустрираат не постојат без образование. Добре дојдовте во новиот век. Секако со Димитров. Честитки“ . Откако Дунавка го објави ова на „Фејсбук“, многумина искоментираа дека не е лошо што го поддржува министерот, ама дека статусот личи на јавно додворување оти сега Димитров е на функција.

Scroll to Top