Дурловски од затворот во Шуто Оризари оди во куќен притвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска го прифати барањата на Обвинителството, па притворот на оперскиот пејач Игор Дурловски, поранешен директор на МОБ, му го замени со куќен притвор.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, на Е.Д.Б. и на И.Д. го прифати предлогот да ја укине мерката притвор и да им  определи куќен притвор“, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Scroll to Top