Една година по смртта на ќерката, скијачот Боде Милер чека близнаци

Поранешниот скијач Боде Милер откри дека тој и неговата сопруга Морган, чекаат близнаци, една година откако почина нивната 19-месечната ќерка Емелин. „Ќе добиеме два сина“, рекол Милер за магазинот „Пипл“ и додал дека е пресреќен што повторно ќе стане татко.

„Отсекогаш сакав момчиња близнаци. Го прашав Боде дали мисли дека овој пат ќе добиеме близнаци, а тој рече не. Тогаш отидов на ултразвук и се покажа дека носам близнаци“, раскажала неговата жена.

Парот веста за бременоста ја сподели со обожавателите и пријателите на социјалните мрежи.

„Сега со радост можам да кажам дека очекувам момци близнаци. Од почетокот на оваа бременост знам дека Еми некако има ‘вмешано прсти’ во ова чудо“, напишала Морган.

„Близнаци! Еднојајчани близнаци. Не можам да бидам повозбуден, бидејќи се шири прекрасното семејство што го создадовме јас и мојата жена. Сонот се остварува“, рекол Милер.

Боде и Морган се во брак од 2012 година и заедно го имаат синот Наш Скан. Боде од претходните врски ги има ќерката Несин Дејс и синот Самјуел.

Scroll to Top