Елена Анѓелоска – ново заштитно лице на Фешн ТВ

Минатиот викенд во Кирениа, Кипар, се одржа финалето на изборот за Мис фешн ТВ 2017. Наша претставничка беше Елена Анѓеловска, која го освои второто место, односно титулата прва придружничка. Победничка на изборот е претставничката на Украина, Роксолана Ѕаминска, а втора придружничка е Ана Чристине Диаз Сантиаго од Венецуела. Трите девојки беа промовирани во нови заштитни лица на Фешн ТВ.

На изборот учествуваа триесет девојки, кои беа избрани од вкупно 3000 пријавени девојки од целиот свет.

Лиценцата за овој избор во Македонија ја има модното студио „Црнокрак“.

Scroll to Top