Елена како во руска бајка

Поп-пејачката Елена Ристеска деновиве направи фотосесија со својот омилен фотограф Стефан Николовски. Облечена во бело, сликана на мостовите на Вардар во тмурен зимски ден, фотографиите потсетуваат на слика од стара руска бајка. Барем така искоментираа нејзините фанови откако Елена ги објави фотографиите на својот инстаграм-профил. Тие не штедеа комплименти за пејачката, за нејзиниот имиџ и за убавината.

Бројни комплименти доби и Стефан, кој веќе неколку години ја слика Елена.

„Верувај, до фотографот е“, рече Елена за „Репортер“. „Дури и Ирина Шијк не излегува убаво на слики ако не е добар фотографот“, додаде таа.

 

Scroll to Top