Елена позгодна од Италијанките

Популарната фолк-пејачка Елена Велевска е во Италија во Сан Ремо. Таа објави фотографии на својот инстаграм-профил од патувањето, а нејзините следбеници искоментираа дека е позгодна од Италијанките.

Велевска во Италија има неколку закажани настапи, каде пред обожавателите ги пее своите песни, но и познати стари македонски песни.

Фолк пејачката постојано настапува, не само кај нас туку и надвор од земјава. Неодамна беше во Белгија, каде и таму уживаше голема популарност кај обожавателите.

Scroll to Top