Елена Реи снимаше за Зухаир Мурад

Манекенката со интернационална кариера Елена Реи неодамна се врати од Сеул каде што имаше ангажмани. За само два месеца таа беше во Париз, Милано и Берлин каде што одработи кампањи за познати брендови, меѓу кои и „Нино Черути“. Деновиве Елена во Скопје се одмора за следниот ангажман во Виена, Австрија, каде што треба да замине за неколку дена, повторно за работа.

Пред извесно време таа се појави и на насловната на етаблираниот магазин „Авенуел“, а последни големи проекти на кои работеше беа и кампањите на „Сефора“, „Капа“, брендот за накит „Белперл“, „Галерија Лафајает“. Еден од најзначајните ангажмани за годинава што изминува беше и луксузниот едиторијал за магазинот „Ел“ во раскошните креации за Зухаир Мурад.

 

 

 

 

Scroll to Top