Елена Ристеска е дама на годината

Елена Ристеска е избрана за дама на годината во регионот. Таа на социјалните мрежи откри дека добила награда, која организаторите на манифестацијата ѝ ја дале поради „постигнувања, работа и креативност на регионално ниво“. Доделувањето на наградите се одржа викендов во Врњачка Бања во Србија.

„Благодарам за наградата ‘Дама на годината’ за регионот – за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. Наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој ‘машки’ свет, како самостојна и независна жена“, напиша, меѓу другото, Елена на „Инстаграм“.

Пејачката истовремено најави и дека по 17 години музичка кариера, наскоро ќе почне нов бизнис и дека наскоро ќе промовира нејзин бренд за козметика.

Scroll to Top