Елена се фали дека е македонската Карлеуша

Фолк-пејачката Елена Велевска вели дека нејзината колешка Татјана Јовановска ѝ го копира стилот на облекување. Станува збор за комбинацијата од џинс-кошула со црн корсет и куси џинс-чизми, еден од стајлинзите кои Велевска ги носеше на аудициите од новата сезона на регионалните музички талент шоу-програми на „Гранд продукција“.

„Татјана Јовановска по неколку дена се појави со ист стајлинг, но со златен појас и долги џинс-чизми, кои јас ги носев на последната фотосесија. Она што Карлеуша важи во Србија во однос на мода, тоа сум јас во Македонија. На кого подобро му стои, проценете сами“, вели Велевска.

Scroll to Top