Елена сними дует со Емина Јаховиќ

Поп-пејачката Елена Ристеска го најави дуетот со босанската пејачка Емина Јаховиќ. Песната која ја снимија неодамна, а за која снимија и видео во Турција, ќе биде промовирана наскоро.

 

Елена во моментов е актуелна со песната „Текила и лимон“, која ја работеше со својот долгогодишен соработник Дарко Димитров. Дарко е продуцент, композитор и аранжер на песната, а Елена е текстописец.

„Продукцијата ‘Клинкат’ го изработи спотот, ‘Ефектив рекордс‘ од Русија се издавачи на песната и спотот и промотори на истата за европски пазар, а Милош Николиќ ја отсвире трубата. Но, спотот немаше да изгледа вака без ‘Битрикс кру’, кои се погрижија за одличната кореографија, без Јелкица Поповска, која го осмисли главниот стајлинг, и Даниел Николовски, кој се погрижи за шминката и фризурата“, напиша Елена на својот фејсбук-профил во знак на благодарност кон целата екипата што работела на неговата реализација.

Scroll to Top