Елена стана Арапка

Поп-пејачката Елена Ристеска деновиве ужива во убавините на Дубаи. Веднаш по пристигнувањето во најатрактивниот арапски емират, Елена ги објави првите фотографии од своето патување.

За сликањето пред Бурџ ал-Араб, Елена ставила марама преку главата, сè со цел да ја испочитува арапската традиција. Таа покрај сликите остави коментар дека се вљубила во хотелот со седум ѕвездички кој е една од најголемите туристички атракции во градот.

Фановите на Елена, пак, не штедеа комплименти за изгледот на пејачката. Освен што ја нарекоа најубавата македонска пејачка, дел од нив ѝ порачаа да внимава да не ја бендиса некој Арап, па да остане таму.

Scroll to Top