Ермира Мехмети побрза од министерот Тевдовски

Вчера во Скопје се одржа атлетската трка „Скопје трча 10 км“, на која покрај атлетичари и љубители на спортот, трчаа и политичарите. Со добра пласман се истакна поранешната пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, во женска конкуренција. Таа го освои педесеттото место, со време од 57 минути.

На трката беше и министерот за финансии Драган Тевдовски во машка конкуренција, кој беше на 56. Место. со време 43 минути и 59 секунди. Трчаше и поранешниот министер Веле Самак и беше на 301. место, со време од 56 минути и 18 секунди. Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје во соработка со АК „Работнички“ и Атлетската федерација на Македонија.

 

 

Scroll to Top