Eстрадата се вклучи во кампањата против трговијата со луѓе

Здружението „Отворена порта“ организира едномесечна кампања со која се обидува да го актуализира прашањето за трговијата со луѓе. Во кампањата се вклучени и македонските јавни личности, меѓу кои и Марко Марк, Катарина Ивановска, Димитар Атанасовски, Дани Димитровска, Викторија Лоба, Лила, Елена Ристеска, Иџе и други.

Кампањата со мотото „Што гледаш? Биди нивниот глас!“ има цел да ја подигне јавната свест и да ги поттикне граѓаните да побараат совет, информација и да пријават трговија со луѓе. Отворена е и телефонска линија и граѓаните ќе може да пријават трговија со луѓе или да побараат советување на телефонскиот број: 0800 11 11 1.

„Отворена порта“ постои од 2005 година и преку програмата за социјална асистенција до денес имаат обезбедено сместување, медицинска, правна и психосоцијална помош, вклучување во образованието и стручно оспособување на 135 лица.

Scroll to Top