(Фото) Алпскиот скијач Дардан Дехари го носеше македонското знаме на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг

Алпскиот скијач Дардан Дехари, денеска го носеше македонското знаме на свечената церемонија на отворањето на 24. Зимските олимписки игри во Пекинг на стадионот „Птичје гнездо“.

На денешната свечената церемонија имаше само двајца македонски претставници, знаменосецот Дехари и неговиот тренер Антонио Ристевски. Нордијците Ана Цветановска и Ставре Јада поради контакт со нивниот тренер Борче Јовановски кој е позитивен на коронаворус мораа да останат во изолација.

Македонија на овие ЗОИ учествува по осми пат по дебито во Лилехамер во 1994 година.

Scroll to Top