(Фото) Боки денес има роденден, лани славеше на сицилијански начин

Боки 13 денес има роденден. Тој полни 33 години и овој пат, за разлика од лани, нема гламурозна роденденска прослава за доскорешниот неформален сопственик на „1ТВ“. Боки Тредичи, како што сега го нарекуваат (по објавата на италијанскиот весник „Ла Верита“) е во затворот во Шутка, каде е првоосомничен за случајот „Рекет“. Многумина денес се потсетија на неговиот лански роденден од кој објавуваше слики на „Инстаграм“. Италијанска вечера на која му дојдоа познати имиња и од политиката, но и од новинарската фела. „Прославата може да почне, италијанска вечера за мојата 32, мала Сицилија во Скопје“, напиша лани Боки.

 

 

Scroll to Top