(Фото) Дани матурантка

Рок-пејачката Дани Димитровска на „Инстаграм“ се пофали дека прослави 20 години матура. Облечена во црн краток фустан со тантела, кожена јакна и сандали во нејзин стил, таа направи селфи во лифт, па фотката ја објави како приказна на својот инстаграм-профил.

„На матура… своја… дека денес пред 20 години“, напиша Дани на фотографијата.

Таа со своите следбеници на социјалните мрежи сподели и видео од дружењето со своите соученици.

„Матуранти од одамна“, стои на сликата на која е пејачката со неколку свои другарки од училишните денови.

Scroll to Top