(ФОТО) Елена Ристеска: Тато, ми недостигаш!

Поп-пејачката Елена Ристеска објави фотографија на својот „Инстаграм“ на која е татко ѝ, кој лани почина,  со внуката Делфина. Под фотографијата таа напиша „Тато, ми недостигаш“.

Елена неодамна во интервју за „Репортер“ раскажа колку ѝ било тешко кога се соочувала со болеста на  татко ѝ, но и уште потешко по неговата смрт.

 

„Татко ми по една и пол година ја изгуби битката со ракот. Колку и да е тешко, се обидувам да одам понатаму. Имам чувство дека тој е тука, па така ми е полесно. Но, станувам свесна дека го нема само кога ќе отидам на неговото вечно почивалиште“, изјави Елена.

Таа рече и дека сè што зборуваат луѓето за нејзиниот приватен живот или коментарите за нејзината песна „Лимон и текила“, оние негативните, одамна не ја погодуваат.

„По смртта на татко ми, ништо веќе не може да ме погоди“, изјави Елена за „Репортер“.

Scroll to Top