(Фото) Каролина во Зоолошка со децата од згрижувачки семејства

Поп-пејачката Каролина Гочева вчера во Зоолошката градина во Скопје се дружеше со децата што растат сместени во згрижувачки семејства. Таа беше дел од прославата што ја организираше Црвениот крст на град Скопје, а со која се одбележа Денот на згрижувачи, 1 јуни.

„Црвениот крст го одбележуваше светскиот Ден на згрижувачки семејства, па ме поканија и мене да се дружам со децата без родители. Овој пат не пеев, само се забавував во нивно друштво“, рече Каролина за „Репортер“.

Секоја година Црвениот крст на град Скопје организира голем хепенинг и дружење на децата и волонтерите на Црвениот крст. Тие се обидуваат да им овозможат забава и социјализација на децата и младите со посебни потреби и децата семстени во згрижувачки семејства, а овој пат за децата ангажираа кловн, многу музика, аниматори и друго.

„Нашата цел е да им ги подобриме условите за живот на децата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства, но и социјализација и дружење. Во рамките на оваа програма, во текот на целата година, предвидени се повеќе активности од едукативен и забавен карактер за овие групи деца за нивна полесна интеграција во општеството“, велат од Црвен крст на град Скопје.

(А.Ј)

Scroll to Top