(Фото) Кили стана дедо, се породи ќерка му Јоана

Јоана, ќерката на актерот Кирил Поп Христов- Кили, вчера стана мајка. Таа роди син кој ќе се вика Аниш Круз Родригез Деан. Веста за раѓањето на момчето ја сподели нејзината сестра, актерката Нина Деан.

„Добре дојде во светот Аниш Круз Родригез Деан. Те сакам сестро“, напиша Нина на социјалните мрежи.

Јоана, ќерката на кореографката Гордана Деан и Кили, неодамна се омажи во Еквадор за Хосе Луис Сориа Родригез. Таа таму со семејството живее веќе неколку години. Веста дека таа се мажи ја сподели Кили, велејќи дека е среќен „што неговата ќерка го нашла човекот кој неизмерно ја сака“.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Scroll to Top