(Фото) Марија заспа пред Евровизија

Марија Ивановска од „Ај кју“ се одмора пред денешната прва генерална проба за Евровизија. Таа заспала во гардеробата на Македонија, па некој ја покрил со нашето знаме. Фотката е објавена на социјалните мрежи со коментар „заспаната македонска убавица“.

Според правилата на Евровизија, освен трите проби во текот на првата недела, сите учесници имаат и три генерални проби. Првите две се одржаа вчера, вклучувајќи ја и пробата за меѓународното жири. Жирито веќе ги даде своите гласови, кои се 50% од вкупните гласови на секоја земја. Осанатите 50 отсто се од телевоутинг кој ќе почне вечерва откако ќе се испеат сите 19 песни.

Првото полуфинале на Евровизија почнува вечерва од 21 часот. Околу полноќ ќе се знаат имињата на десетте земји што ќе пеат во финалето на 12 мај.

Scroll to Top