(ФОТО) Миленко Неделковски си го смени името

Водителот Миленко Неделковски најде начин да го сврти вниманието кон себе. Неодамна на своето презиме го додаде и презимето Македонски, па од сега и се потпишува така на социјалните мрежи, односно Миленко Неделковски Македонски. Интересно е што тој не е прв што го направи ова. Пред него и фолк-пејачката Благица Павловска по враќањето од аџилак стана Хаџи-Павловска.

Надополнетото презиме на Миленковски наиде на многу коментари на социјалните мрежи, едни го исмеваа, други го поздравија.

Scroll to Top