(Фото) Снеже Велков конечно ги покажа синовите

Водителката Снеже Велков на „Инстаграм“ неодамна објави прва заедничка фотографија со своите синови Дарин и Ален. „Мамо, мамо, селфи си правиш? Чек да видам“, напиша покрај сликата. Снеже речиси никогаш не објавува семејни слики на социјалните мрежи, ниту од децата, ни од сопругот Дарко со кого е во брак од 2006 година.

Водителката, која оваа сезона беше актуелна со емисијата „Вип на еден ден“, од пред неколку години работи и како пилатес инструкторка. Таа во интервју за „Репортер“ рече дека како и повеќето жени е создадена за мултитаскинг, па не ѝ е тепко да прави повеќе работои одеднаш – да се грижи за децата, да спрема емисии, но и да држи часови по пилатес.

„Мојот сопруг Дарко е тој кој всушност го носи најголемиот товар. Ми ја трпи еуфоријата од добро сработените нешта, нервозата ако нешто не успеам, па депресијата од неповолните периоди. Во секој случај бидејќи веќе неколку години заеднички функционираме во нашата семејна компанија, неопходна ни е заемната поддршка за заеднички успех. Се консултираме, се советуваме, креативно се расправаме за да дојдеме до вистинското решение“, рече тогаш Снеже.

Scroll to Top