Водителката Јелена Спенџарска постојано објавува фотографии на социјалните мрежи од салата за вежбање што ја посетува редовно. Водителката од телевизијата „Канал 5“ активно работи на својата форма и вежба за да го одржува своето тело вито и пред почетокот на летото.
Во фитнес-центарот во кој вежба Јелена спортуваат и Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Катарина Ивановска и други девојки од јавниот живот. Резултатите кај сите нив се одлични.